Среќен роденден Филип Гачевски

Денеска му го честитаме роденден на нашиот капитен Филип Гачевски кој полни 29 години. Гачевски е роден 1990 година во Мурска Собота во Словенија, а во Вардар е од 2015 година кога дојде во летниот преоден рок. Од 2016 година е неприкосновен на голот на „црвено-црните“ за кој досега има одиграно 116 официјални натпревари. 

Освои две шампионски титули, еден Супер-Куп, а беше на голот на нашиот тим во историските натпревари во групната фаза од Лигата на Европа. 

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ФИЛИП! Ти посакуваме многу здравје, среќа и уште многу успешни настапи, чисти мрежи, победи и титули со „црвено-црните“.

сабота, 17 август 2019