Среќен роденден Есмин!

Денеска својот 19-ти роденден го прославува Вардаровиот фудбалер Есмин Личина. 

Личина потекнува од школата на Вардар и настапуваше за сите младински категории, а моментално е капитен на младинската екипа на нашиот тим. Тренира со сениорите на „црвено-црните“, и има еден настап на официјалните натпревари за првиот тим на Вардар во Националниот Куп против Скендербеу оваа сезона. 

ФК Вардар на Личина му посакува многу здравје, среќа и успех во фудбалската кариера, многу настапи и титули во „црвено-црниот“ дрес. 

Среќен роденден Есмин!

понеделник, 20 март 2017