Среќен роденден Џонатан!

Денеска роденден прославува уште еден наш играч. Станува збор за бразилскиот интернационалец Џонатан Боарето Дос Реис. 

Боарето е роден во Рио Де Жанеиро на денешен ден во 1989 година. Во Вардар дојде во летниот преоден рок 2016 година како засилување во нападот на нашиот тим. 

Фудбалскиот клуб Вардар на Боарето му посакува многу среќни моменти, многу здравје и успеси во „црвено-црниот“ дрес. 

Среќен роденден Џонатан!

четврток, 20 април 2017