Среќен роденден Дејан!

Во Вардар се прославува уште еден роденден. Нашиот напаѓач Дејан Блажевски денеска полни 32. години. 

Блажевски е роден на денешен ден во 1985 година во Скопје. Ги минува сите младински категории на нашиот фудбалски клуб. Во својата кариера мина во Пелистер, потоа замина во Грција каде што мина четири години од 2008 до 2012 кога повторно се врати во Македонија. На почетокот на 2015 година од екипата на Хазар Ланкаран, повторно го облече дресот на Вардар. Од сегашните играчи, тој е најдобриот стрелец на нашиот тим.

Блажевски ја носеше и капитенската лента на неколку натпревари оваа година, меѓу кои и на оној против Фенербахче во Истанбул каде што Вардар го обезбеди учеството во групната фаза од Лигата на Европа. Тој е стрелец на еден од двата гола во групната фаза за Вардар. Погоди во натпреварот со Зенит во Санкт Петербург, намалувајќи го резултатот на 2:1, и тоа со прекрасен гол од „волеј“ удар.

Фудбалскиот клуб Вардар на Блажевски му посакува уште многу среќни моменти, уште многу успешни настапи во „црвено-црните“, многу голови и се разбира, освоени титули. 

Среќен роденден Дејан!

среда, 6 декември 2017