Среќа, насмевки и многу љубов донесоа Вардарци во О.У. „Григор Прличев“

Многу љубов, многу насмеани и среќни детски лица имаше денеска попладнево во кругот на Основното Училиште „Григор Прличев“ во скопската населба Железара. Вардарци ги посетија и ги израдуваа учениците од ова училиште. Им делеа маички, автограми, фотографии, а дечињата го искористија сето тоа да се фотографираат со нашите фудбалери. 

Децата среќни што имаа можност да се запознаат со своите идоли и да побараат автограми од нив, а на крајот фудбалската екипа од ова училиште одигра и фудбал на игралиштето. 

„Убаво е кога ќе се видат среќни детски лица. За мене ова беше посебен момент затоа што јас моите школски денови ги минав во ова училиште. Навистина прекрасно е чувството кога ќе се израдуваат толку многу дечиња“, изјави тренерот на Вардар, Александар Васоски.

Покрај Александар Васоски, во „Григор Прличев“ учел и нашиот млад фудбалер Бојан Колевски.  

Со оваа посета продолжува посетата низ скопските училишта на Вардаровите фудбалери како дел од кампањата „црвено-црни училишта“. Оваа година 2007 година играчите до сега беа во училиштата Васил Антевски - Дрен, Кирил Пејчиновиќ, Рајко Жинзифов и Лазо Ангеловски. 

Неколку фотографии од посетата на „Григор Прличев“, а целата фото-галерија погледнете ја ТУКА. 

четврток, 18 мај 2017