Составот на Вардар за натпреварот со Македонија ЃП

Шефот на стручниот штаб на Вардар Александар Васоски одлучи со кои играчи попладнево ќе се спротивстави на тимот на Македонија ЃП во рамките од 1. коло од новото првенство 2019/2020. 

На голот ќе биде Филип Гачевски кој што воедно е капитен на екипата. Во одбраната ќе играат Кристијан Тошевски, Никола Серафимов и Евгениј Новак, а како лев бек Жуниор, кој ќе игра против својот некогашен тим. 

Во средниот ред на „црвено-црните“ ќе бидат Али Адем и Дарко Мицевски како последни играчи за врска, а средниот ред ќе го сочинуваат и Даниел Аврамовски како офанзивен играч за врска, и Владица Брдаровски и Матеј Цветаноски на крилните позиции. Во нападот ќе биде Џемаил Ибиши. 

недела, 11 август 2019