Составот на Вардар за натпреварот дома со Академија Пандев

Познат е составот со кој Вардар ќе се спротивстави на денешниот меч против Академија Пандев на домашен терен, во рамките од заостанатото 17. коло од ПМФЛ. 

Еве ги првите 11 кои што ќе настапат на денешниот натпревар:

На голот на нашата екипа ќе биде Филип Гачевски. Во одбраната Ховханес Хамбарџумјан и Тодор Тодороски на бековските позиции, Дарко Велковски и Висар Муслиу на стоперските места во одбраната. Во средниот ред Вања Марковиќ заедно со Филип Стојчевски и со Фелипе. Во нападот на нашата екипа ќе бидат Дејан Блажевски и Тигран Барсегјан на крилните позиции, со Итало во нападот. 

На клупата за резерви својата шанса за настап ќе ја чекаат Игор Алексовски, Никола Глигоров, Ацо Стојков, Евгениј Новак, Бесир Демири, Максим Максимов и Петар Петковски. 

Формациски нашиот тим ќе изгледа вака: 

недела, 10 декември 2017