Составот на Вардар за мечот со Шкендија во Тетово

Познат е составот на Вардар со кој ќе настапи денеска во првото коло од новата сезона против Шкендија во Тетово. 

На голот на шампионот ќе биде Филип Гачевски. Во одбраната Бесир Демири, Бобан Грнчаров, Евгениј Новак и Хофханес Хамбарџумјан. 

На средината на теренот Стефан Спировски, Бобан Николов како последни играчи за врска, потоа Тигран Барсегјан, Хуан Фелипе и Дејан Блажевски како „трио“ позади напаѓачот на Вардар денеска Бојан Колевски. 

На клупата за резерви шанса ќе чекаат Игор Алексовски, Владица Брдаровски, Никола Глигоров, Висар Муслиу, Бесар Исени, Дарко Велковски и Џамбул Џигаури. 

Еве како формациски ќе изгледа нашиот состав: 

сабота, 12 август 2017