Составот на Вардар за мечот со Победа

Познат составот на Вардар за натпреварот со Победа во рамките од 17-тото, предпослетно есенско коло во Првата лига. Шефот на стручниот штаб Александар Васоски се одлучи за две измени од минатиот тим кој играше со Силекс. 

На голот ќе биде Филип Гачевски. Во одбраната на нашата екипа Владица Брдаровски, Николас Херанз, Коста Манев и Тодор Тодороски. Како последни играчи за врска се Дарко Мицевски и Филип Најдовски, додека Виктор Јуфо ќе биде нешто понапред. Кларенс Битанг и Јакуп Бериша се на крилните позиции, како поддршка за најофанзивниот играч во Вардар, Џемаил Ибиши кој ќе го замени суспендираниот Вилијан Лира. 

На клупата за резерви шанса ќе чекаат Филип Илиќ, Филип Антовски, Јован Попзлатанов, Матеј Цветановски, Али Адем, Стефан Наумчески и Бесар Исени. 

среда, 28 ноември 2018