Составот на Вардар за дербито со Шкендија

Познат е составот на Вардар кој што денеска во 14 часот ќе го одигра првенствениот натпревар со Шкендија на Градскиот стадион во Тетово. 

Голот на нашиот тим ќе го брани Филип Гачевски. Пред него во одбраната ќе играат Кристијан Тошевски и Дарко Глишиќ како бекови, и Бобан Грнчаров и Евгениј Новак на стоперските позиции. Средниот ред на нашиот тим ќе го сочинуваат Никола Глигоров, Вања Марковиќ и Хуан Фелипе. Во нападот на крилните позиции Дејан Блажевски и Јован Попзлатанов како поддршка за напаѓачот Тигран Барсегјан. 

На клупата за резерви во Тетово ќе бидат: Игор Алексовски, Горан Попов, Тодор Тодороски, Филип Стојчевски, Кларенс Битанг, Максим Максимов и Ацо Стојков.

Формациски нашиот тим ќе изгледа вака: 

 

среда, 14 февруари 2018