Составот на Вардар за Академија Пандев: Двајца дебитанти во првите 11

Двајца дебитанти денеска ќе има во составот на Вардар за дуелот во претпоследното 35-то коло против Академија Пандев на домашен терен. Станува збор за Абдулхади Јахја и за голманот Филип Илиќ кои за прв пат ќе го почувствуваат вкусот на сениорската екипа на „црвено-црните“. 

Покрај голманот Илиќ, во одбраната ќе играат Тодор Тодороски, Владица Брдаровски, Горан Попов и Ховханес Хамбарџумјан. Во средниот ред на нашата екипа сите играчи се под 21 година и тоа Никола Серафимов, Али Адем и Бесар Исени. Во нападот дебитантот Абдулхади Јахја, Кларенс Битанг како крилни играчи, и во нападот Тигран Барсегјан. 

Резерви на нашиот тим ќе бидат Игор Алексовски, Дарко Глишиќ, Кристијан Тошевски, Матеј Цветановски, Никола Глигоров, Максим Максимов и Јован Попзлатанов. 

среда, 16 мај 2018