Со еден гол Вардар стигна до три бода во Кратово

Дарко Мицевски од пенал во 10. минута беше стрелец на единствениот го а Вардар на гостувањето во Кратово, гол кој што ги донесе трите бода, и го врати тимот на победничките патеки после три натпревари. 

Практично Вардарци од првата своја прилика успеаја да стигнат до водечкиот гол, кој на крајот се покажа како клучен во триумфот на тимот од ова гостување во Кратово. Пеналот беше досуден по играта со рака од страна на Миленковски во сопствениот шеснаесетник. 

Гачевски забележа двојна одбрана по шутевите на Пановски на Мбела, меѓутоа нашиот голман не дозволи израмнување. 

Во вториот дел Лира во 60. минута шутираше, одбрани голманот Стефановиќ. „Црвено-црните“ успеаја да се одбранат иако противникот и немаше некои посериозни шанси, а во последните 19 минути Вардарци играа со играч помалку откако црвен картон заработи Лира. 

СИЛЕКС - ВАРДАР    0:1 (0:1)

Стадион: „Силекс“ во Кратово. Гледачи: 200. 

Судија: Стојанче Стојанов (Штип).

Стрелец: 0:1 Мицевски 10’ (пен.)

Ж. Картони: Пановски, Миленковски (С) - Тодороски, Гачевски, Јуфо, Брдаровски (В). 

Ц. Картон: Лира 71’ (В). 

СИЛЕКС: Стефановиќ, Благојевиќ, Драшковиќ, Георгиев, Дурански, Мбела, Лоуис (84’ Грозданоски), Миленковски, Пановск (62’ Алексовски), Додев (70’ Иванов), Коцев. 

ВАРДАР: Гачевски, Тодороски, Манев, Херанз, Брдаровски, Мицевски (85’ Цветановски), Најдовски, Битанг, Антовски (60’ Попзлатанов), Јуфо (83’ Адем), Лира. 

недела, 25 ноември 2018