Скопски дербија за Вардаровите помлади генерации

Престојниот викенд четири генерации на Вардар ќе одиграат првенствени натпревари. Без обврски ќе бидат селекциите на пионерите и на помладите пионери кои што поради настапите на помладите репрезентации на Македонија, своите мечеви ќе ги играат идната сабота, односно на 29.04.2017 год. 

Кадетите и младинците во недела (23.04.2017 година), на игралиштето на ФК Алумина во Скопје, ќе ги играат своите натпревари против Работнички. Кадетите својот натпревар го играат во 10 часот, а младинците во 12 часот. 

Екипата на Шкупи, пак, ќе биде противник на генерациите 2002 и 2003 година. Нашиот тим гостува на овој противник, а генерацијата 2003 година го почнува својот натпревар во 11 часот, додека два часа подоцна на „сцена“ стапува тимот на Вардар со фудбалери родени 2002 година. 

петок, 21 април 2017