Скопје - Вардар 0:0 (КРАЈ)

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ

90’ - Удар на Јаневски од 25 метри, топката оди во голот, но Гачевски успеа да интервенира

78’ - Шут на Глигоров од 30 метри, топката отиде за малку над голот

75’ - После продорот од левата страна, Блажевски од 20 метри упати удар, но Стефановиќ одбрани

65’ - Барсегјан од 25 метри упати прецизен удар, меѓутоа одбрани Стефановиќ кој кратко ја одби топката, па ја прифати во своите раце

62’ - Центаршут на Блажевски од левата страна, Новак со глава се обиде, топката завршува само над голот

57’ - Изведен корнер од Фелипе на првиот дирек каде што обидот со глава на Новак оди само над голот на противникот

53’ - Од слободен удар, по краткото проигрување од Фелипе, шут упати Блажевски кој што оди само крај голот

46’ - Почеток на второто полувреме

КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ

38’ - Битанг удар од 25 метри, топката оди само крај голот

37’ - Од голема далечина се обиде Алексовски, топката удри во ногата на Петковски го смени правецот, и завршува само крај голот

19’ - Шут на Битанг од 25 метри одкосо од лево, меѓутоа топката оди само крај голот

10’ - Обид на Алексовски од слободен удар од 30 метри, топката лошо отскокна од лошиот терен, Гачевски и покрај проблемите успеа да одбрани

9’ - Демир од левата страна неочекувано се најде во добра позиција, но Гачевски успеа да му го одбрани ударот

1’ - Почеток на натпреварот

0’ - Правдата на денешниот меч ќе ја дели судијата Марјан Гоцевски од Струмица

СОСТАВИТЕ НА ДВАТА ТИМА

СКОПЈЕ: 1. Стефановиќ, 3. Бопесу, 6. Личина, 7. Јаневски, 8. Алексовски, 9. Петковски, 11. Коффи, 14. Моунпаин, 16. Пецов, 17. Демир, 18. Настевски.

РЕЗЕРВИ: 77. Стевковски, 2. Ричков, 4. Коцев, 5. Алексиќ, 10. Ѓурчиновски, 13. Димитровски, 15. Сали. 

ВАРДАР: 90. Гачевски, 5. Битанг, 6. Грнчаров, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 16. Глигоров, 21. Новак, 30. Тодороски, 70. Фелипе, 72. Максимов, 77. Брдаровски.

РЕЗЕРВИ: 1. Алексовски, 2. Тошевски, 3. Попов, 8. Марковиќ, 18. Колевски, 24. Попзлатанов, 88. Цветаноски. 

0’ - Добар ден од сончевото Скопје каде што на стадионот СРЦ „Железарница“ денеска Вардар гостува на тимот на Скопје

недела, 11 март 2018