Штета! Вардар имаше водство од 2:0 над Македонија ЃП, на крај освои само бод

Дефинитивно Вардар треба да жали што не ги освои трите бода во денешната пресметка против Македонија ЃП во рамките од 17. коло во Првата лига. „Црвено-црните“ во 52. минута се стекнаа со водство од 2:0, имаа претходно шанси за поубедлива предност, а потоа дозволија противникот за 10 минути да постигне два гола и да се спаси од пораз. 

Мирчевски, Цветаноски и Попзлатанов имаа прилики при 0:0 да донесат уште порано водство, од она кое се случи во 18. минута. Акција на Петровиќ до Цветаноски, овој до Мирчевски и „мат“ за противникот. 

Одличен старт и на вториот дел за Вардарци. Мирчевски овој пат бега, го мина и голманот, несебично го проигрува Цветаноски за 2:0. 

Сепак, Македонија ЃП ги искористи своите шанси. Во 57. минута по центаршут од десната страна, Калид стигна пред Илиќ и со глава погоди во голот. Во 67. минута по изведен корнер Божиновски со глава успеа да израмни. 

И до крајот на мечот Вардарци имаа некои обиди, кои не завршија во голот, и така остана на оние 2:2. 

 

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП        2:2 (1:0)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Судија: Јован Качевски (Струга).

Стрелци: Мирчевски 18’, Цветаноски 52’ (В) – Калид 57’, Божиновски 67’ (МЃП)

Ж. Картони: Крстевски, Петковски (В) - Фернандо, Личина, Адем, Воша, Калид (МЃП)

ВАРДАР: Илиќ, Велкоски, Цветаноски, Ѓурковски (71’ Петковски), Лазаревиќ, Попзлатанов, Крстевски, Мирчевски, Петровиќ, Мартинага, Најденов (56’ Мицевски).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Атанаскоски, Китановски, Личина, Божиновски, Калид, Адем (63’ Настевски), Филиповски, Ковачев (42’ Мишевски), Воша (83’ Барбоса), Фернандо.

недела, 13 декември 2020