Шкупи и Скопје ривали на младите Вардарови екипи

Викендов на програмата се натпреварите од 21. коло во шесте помлади категории. Шкупи и Скопје се ривалите на нашите младински екипи на мечевите кои ќе се одиграат в сабота. 

Младинскиот и кадетскиот тим своите натпревари против чаирскиот тим ги играат како домаќини во сабота на теренот на АМС во населбата Аеродром. Младинците почнуваат во 12 часот, додека два часа порано својот меч ќе го одиграат и кадетите. 

Пионерите и помладите пионери гостуваат на Шкупи исто така во сабота. Пионерите својот меч го играат во 16 часот, додека во 14 часот на теренот ќе излезат помладите пионери. 

Генерациите 2002 и 2003 година за противник викендов го имаат тимот на Скопје на натпревари кои што ќе се играат во Нова Колонија. Своите мечеви ќе ги одиграат во недела, односно генерацијата 2003 година со почеток во 10 часот, додека, пак, генерацијата 2002 година својот меч ќе го игра во 12 часот. 

Целосниот распоред на натпреварите на младинските категории: 

МЛАДИНЦИ: Вардар - Шкупи (20.05.2017 - 12:00 часот, терен АМС во н. Аеродром)

КАДЕТИ: Вардар - Шкупи (20.05.2017 - 10:00 часот, терен АМС во н. Аеродром)

ПИОНЕРИ: Шкупи - Вардар (20.05.2017 - 16:00 часот, стадион „Чаир“ во Скопје)

ПОМ. ПИОНЕРИ: Шкупи - Вардар (20.05.2017 - 14:00 часот, стадион „Чаир“ во Скопје)

ГЕН. 2002 ГОД.: Скопје - Вардар (21.05.2017 - 12:00 часот, стадион во Нова Колонија)

ГЕН. 2003 ГОД.: Скопје - Вардар (21.05.2017 - 10:00 часот, стадион во Нова Колонија)

петок, 19 мај 2017