Шкендија - Вардар 1:1 (КРАЈ)

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ!

89' Радески од десно нафрли до Ибраими кој со глава ја упати топката само крај голот

1:1 85' Ибраими остана сам на 16 метри и шутира прецизно во долниот лев агол

79' Барсегјан го проигра осамениот Попзлатанов кој во последен миг беше изблокиран од Адили

0:1 78' ГООООЛ! Нафрли Фелипе од корнер на првиот дирек Новак со глава го проигра Грнчаров кој со глава погоди во голот

72' Тодороски е на теренот на местото на Глишиќ

70' Битанг влегува на местото на Блажевски

64' Браво за Гачевски! Радески излезе сам пред голот на Вардар, но неговиот обид феноменално го одбрани нашиот голман

62' Гачевски го брани ободот на Алими од левата страна

51' Голема прилика за Вардар.  Попзлатанов го проигра Барсегјан кој излезе сам пред Захов, но гочманот на Шкендија одбрани во корнер

46' Почеток на вториот дел

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ!

41' Шанса за Шкендија по која Хасани не реализираше по проигрувањето од Ибтаими од десно

24' Ибраими одкосо од десно шутираше, нп Гачевски со уште една одлична интервенција

22' Голема шанса за Вардар! Барсегјан од лево додаде до Попзлатанов кој беше сам на 5-6 метри, но Захов му го одбрани шутот

16' Повторно топката оди над голот на Захов овој пат после обидот на Барсегјан од 22-23 метри

14' Фелипе се проби низ средината и од 20 метри упати шут кој оди само над пречката

10' Одлични три одбрани во серија на Гачевски. Најпрво му го одбрани обидот на Радески со глава, па на истиот играч со нога, и на крај го брани ударот на Жуниор

5' Обид на Фелипе од 25 метри, топката офи само над голот

1' Почеток на натпреварот

СОСТАВИТЕ НА ДВАТА ТИМА

ШКЕНДИЈА: 1. Захов, 4. Бејтулаи, 5. Алими, 7. Ибраими, 10. Хасани, 14. Радески, 15. Муслиу, 16. Мурати, 18. Жуниор, 22. Фазлагиќ, 33. Адили. 

РЕЗЕРВИ:40. Реџепи, 6. Цуцули, 8. Тотре, 11. Шефити, 20. Емини, 21. Теќја, 77. Тодоровски. 

ВАРДАР: 90. Гачевски, 2. Тошевски, 6. Грнчаров, 21. Новак, 32. Глишиќ, 8. Марковиќ, 16. Глигоров, 70. Фелипе, 24. Попзлатанов, 9. Блажевски, 11. Барсегјан. 

РЕЗЕРВИ:1. Алексовски, 3. Попов, 5. Битанг, 17. Стојков, 22. Стојчевски, 30. Тодороски, 72. Максимов.

0’ - Поради снежните врнежи во текот на вчерашниот ден во Тетово и поради целосно расчистување на снегот на теренот на стадионот, почетокот на натпреварот е пролонгиран за 20 минути. Така почетокот на натпреварот е закажан за 14:20 часот. 

0’ - И покрај тоа што денешниот дуел требаше да го суди Александар Ставрев кој што беше делегиран од страна на ФФМ, сепак, во последен момент главниот арбитар на средбата е сменет. Сега Марјан Ецкоски од Охрид ќе биде на центарот. Во соопштението на ФФМ се наведува дека Ставрев од објективни причини нема да може да суди, и од тука на неговото место ќе биде Ецкоски

0’ - Ова е дуел на моментално двете најдобри екипи во првенството

0’ - На стартот од пролетниот дел, денеска Вардар игра дерби натпревар со Шкендија во Тетово

среда, 14 февруари 2018