Шкендија - Вардар 2:0 (КРАЈ)

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ. Вардара на отворањето во новата сезона поразен од Шкендија со 2:0

90’ - Жолт картон за Дејан Блажевски (Шкендија)

85’ - Жолт картон за Бесмир Бојку (Шкендија)

81’ - Жолт картон за Бобан Грнчаров (Вардар)

75’ - Ибраими го проигра осамениот на десната страна Радески кој што излезе сам, но одново како победник излегува Гачевски

69’ - Измена во Вардар. На местото на Бобан Николов, во игра е Бесар Исени

2:0 66’ - Противнапад на Шкендија преку кој Хасани асистираше до Жуниор кој што шутираше прецизно во долниот десен агол

63’ - Втора замена во Вардар. Излезе Евгениј Новак, на негово место во игра е Џамбул Џигаури

1:0 62’ - Долга акција на Шкендија која што одеше преку Ибраими, додаде до Хасани кој одигра со Алими, а овој од прва шутира во горниот лев агол од голот на Вардар

58’ - Противнапад на Шкендија, Жуниор додаде до Алими кој што беше сам, шутираше, Гачевски малку ја забави топката која одеше кон голот, но на самата гол линија спаси Спировски

55’ - Жолт картон за Евгениј Новак (Вардар)

55’ - Жолт картон за Хофханес Хамбарџумјан (Вардар)

51’ - Жуниор од левата страна го проигра Ибраими на втората статива кој што шутира само над голот

46’ - Пoчеток на второто полувреме

46’ - Прва измена во редовите на Вардар. На местото на Бојан Колевски, на терен е Дарко Велковски

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ. Шкендија и Вардар играат прв дел без голови во кој што противникот имаше неколку добри шанси, но и Гачевски добро интервенираше. Нашиот тим имаше само една шанса преку Блажевски кога неговиот удар го одбрани Блажевски

44’ - Жолт картон за Ардијан Цуцули (Шкендија)

38’ - Жолт картон за Арменд Алими (Шкендија)

34’ - Жолт картон за Тигран Барсегјан (Вардар)

33’ - Жолт картон за Бобан Николов (Вардар)

28’ - Бејтулаи со долга топка го проигра Радески кој што одкосо од десно шутира само над голот

24’ - Жолт картон за Бесарт Ибраими (Шкендија)

23’ - Центрира Хамбарџумјан од десно, топката ја изби Бејтулаи, а таа дојде до Блажевски кој што со волеј упати прецизен удар, но Захов успеа да одбрани

21’ - Обид на Алими од 25 метри по земја, но Гачевски одбрани

17’ - Нова одбрана на Гачевски. После продорот од десната страна на Ибраими, топката стигна до Радески кој што од 10-11 метри шутираше, но Гачевски успеа да одбрани

8’ - БРАВО ГАЧЕВСКИ! Голманот на Вардар му одбрани шанса на Хасани кој што беше сам пред него. Нашиот чувар на мрежата со прекрасна интервенција

6’ - Ибраими упати силен удар од прекин од триесетина метри, но топката оди само над голот на Гачевски

5’ - Жуниор од левата страна упати прецизен удар, меѓутоа Гачевски беше на место и успеа да одбрани

1’ - Почеток на натпреварот

0’ - Главен судија на натпреварот ќе биде Димитар Мечкаровски. НЕгови помошници ќе бидат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески од Скопје

СОСТАВИТЕ НА ДВАТА ТИМА

ШКЕНДИЈА: 1. Захов, 4. Бејтулаи, 5. Алими, 6. Цуцули, 7. Ибраими, 8. Тотре, 10. Хасани, 13. Челиковиќ, 14. Радески, 18. Жуниор, 77. Тодоровски

РЕЗЕРВИ: 30. Авдили, 16. Мурати, 17. Зејнулаи, 19. Бојку, 21. Теќја, 25. Шефити, 90. Абдурахими.

ВАРДАР: 90. Гачевски, 6. Грнчаров, 8. Спировски, 11. Барсегјан, 18. Колевски, 19. Хамбарџумјан, 20. Николов, 21. Новак, 23. Демири, 70. Фелипе. 

РЕЗЕРВИ: 1. Алексовски, 5. Муслиу, 14. Велковски, 16. Глигоров, 17. Џигаури, 33. Исени, 77. Брдаровски.

0’ - Добар ден од Градскиот стадион во Тетово каде што Вардар денеска, во рамките од првото коло од новиот шампионат 2017/2018, игра дерби против Шкендија

сабота, 12 август 2017