Шампионот почна со тренинзи во Австрија

После денешното пристигнување во утринските часови во Бад Татцмансдорф, екипата на Вардар го одработи првиот тренинг на двонеделните подготовки во Австрија. Стручниот штаб на фудбалерите денеска им даде полесен тренинг, а веќе од утре екипата продолжува со два тренинга на ден.

На екипата во текот на денешниот ден се приклучија Џамбул Џигаури и Тигран Барсегјан. Вардарци ќе се комплетираат со доаѓањето на Хуан Фелипе и на Џонатан Боарето Дос Реис. Потоа ќе останат само шестмината младински репрезентативци кои што ќе се приклучат на екипата после завршувањето на обврските со репрезентацијата која што настапува на Европското првенство во Полска. 

недела, 18 јуни 2017