Сезоната Вардар ја заврши со „реми“ (1:1) против Академија Пандев

Денеска се одиграа натпреварите од последното 36-то коло во Првата лига во кое Вардар со „реми“ од 1:1 против Академија Пандев во Струмица ги заврши настапите од овогодинашната Прва лига. Уште претходно се знаеше дека „црвено-црните“ имаат обезбедено второ место на табелата. 

Главно се играше на средината на теренот, и потоа по една добра акција, Вардар дојде до водство во 64. минута. Од десната страна Битанг го проигра Цветаноски кој, пак, остави за Фелипе кој со удар од прва по земја го совлада противничкиот голман Денковски за водство. 

Сепак, домашните фудбалери успеаја да израмнат преку Димов кој со глава го совлада голманот Филип Илиќ по нафрлена топка од десната страна. 

Вардарци ја завршија сезоната со 64 бодови, со 17 победи, 13 нерешени средби и шест порази, и гол разлика од 45:23. Беа тим со најмалку примени голови од сите екипи. 

недела, 26 мај 2019