Серијата заврши, Вардар поразен во Струга

Екипата на Струга Трим Лум ја прекина серијата на непоразеност на Вардар која траеше 12 натпревари, односно од 2 колото во оваа сезона. Денеска Вардарци загубија во Струга со 2:1, и со тоа го претрпеа вториот пораз во сезоната. Добро е што и натаму „црвено-црните“ остануваат лидери на табелата, односно конкурентот Академија Пандев ја намали разликата само еден бод, и сега изнесува четири. 

Кировски и Тафе во првиот дел погодија за домашните, откако имаше и една спорна ситуација, односно старт за пенал врз Цветаноски. Судиите сметаа дека тој е во офсајд, па затоа не беше досуден пеналот. 

Во вториот дел Вардарци се обидоа да се вратат, а само намалија во 80. минута преку Мицевски од белата точка. 

Следува сега репрезентативна пауза и следното коло е на програмата дури идниот четврток. Вардар на домашен терен игра со Шкупи. 

сабота, 9 ноември 2019