Серафимов пред дуелот со Саса: Фаворити сме, и тоа треба да го покажеме

Утре во рамките од 1/16 финалето од Купот на Македонија, Вардар има гостување во Македонска Каменица кај тимот на Саса. Полн стадион и добра атмосфера се најавува во градот пред доаѓањето на најтрофејниот македонски тим. 

Младиот стопер на „црвено-црните“ Никола Серафимов вели дека тој и неговите соиграчи без потценување на противникот ќе влезат во дуелот, но очекува тимот да ја оправда фаворитската улога и да се пласира во следната фаза од Купот. 

„Амбициите на Вардар секогаш се да оди на титула во било кое домашно натпреварување. Подеднакво за нас е важен и Купот, и затоа максимално сериозно ќе пристапиме на овој меч. Мислам дека утре не очекува еден интересен натпревар кој ќе се одигра пред полни трибини. Нема да ја потцениме противничката екипа која сигурно ќе сака изненадување пред домашната публика. Фаворитската улога ни припаѓа на нас, и истата треба да ја оправдаме со ангажирана и борбена игра, и секако се надевам на пласман во следната рунда од ова натпреварување“, рече Серафимов. 

вторник, 27 август 2019