Само бод од Битола, а Вардар имаше водство до судиското продолжение

Пелистер и Вардар во натпреварот од 8. коло одиграа 1:1. А, Вардарци беа поблиску до победата откако имаа водство над својот ривал се до крајот на мечот. 

Вардар дојде до водство преку Матеј Цветаноски кој по одлична акција излезе сам пред голот, и успеа да пласира во горниот лев агол. 

Следуваше и контроверзна одлука околу офсајд позиција на нашиот тим, која се чини беше чиста, а Вардар се најде во одлична позиција да зголеми на 0:2. 

Во судиското надополнување Чарлестон постигна автогол за 1:1, што беше конечен исход од натпреварот. 

недела, 4 октомври 2020