Се одигра второто коло од Вардар Јуниор Лигата

Во викендот кој помина беше одиграно второто коло од Вардар Јуниор Лигата. Истото се одигра во градот Охрид, а три генерации одиграа по еден натпревар.

Во генерацијата 2010 година се одигра неизвесен и возбудлив натпревар во кој Вардар триумфираше над Еврофудбал со 4:3.

Вардар беше победник и во генерацијата 2009 година каде што го совлада составот на Еврофудбал со 3:1.

Најмногу голови беа постигнати во натпреварот од генерацијата 2008 година каде што во вкупно 10-те голови, Вардар беше подобар од Еврофудбал со 7:3.

Еве ги резултатите од трите натпревари:РЕЗУЛТАТИ ВАРДАР ЈУНИОР ЛИГА, 2. КОЛО

ГЕНЕРАЦИЈА 2010 ГОДИНА: Еврофудбал – Вардар 3:4

ГЕНЕРАЦИЈА 2009 ГОДИНА: Еврофудбал – Вардар 1:3

ГЕНЕРАЦИЈА 2008 ГОДИНА: Еврофудбал – Вардар 3:7

понеделник, 6 ноември 2017