„Реми“ на Вардар против Беласица

Вардар - Беласица 1:1. Ова е исходот од денешниот одигран натпревар во рамките од 31. коло од ПФМЛ. Вардар имаше негатива по првиот дел, а на крајот успеа да израмни и да стигне до бод, и со тоа да ја продолжи серијата на непоразеност. 

Вардарци беа во негатива во 36. минута. Една нафрлена топка од десната страна која со глава Горгиев ја смести во голот на Гачевски. 

Сепак, во вториот дел „црвено-црните“ не се предадоа, и со сити сили сакаа да дојдат до пресврт. Меѓутоа дојдоа само до гол и до бод преку Жуниор. Нафрлување од десната страна на втората статива каде што Жуниор убаво ја смири топката, и со силен удар го најде патот во мрежата на Вујанац. 

 

ВАРДАР - БЕЛАСИЦА   1:1 (0:1)

Стадион: Борис Трајковски во Скопје. 

Судија: Јосип Бартон (Скопје).

Стрелци: 0:1 Горгиев 36’, 1:1 Жуниор 80’

Ж. Картони: Колевски, Ибиши (В) - Милушев, Калпачки, Денковски, Сулев, Дробаров (Б). 

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Манев, Жуниор, Мицевски, Колевски (71’ Ибиши), Аврамовски, Цветановски (46’ Лира), Новак, Адем (60’ Брдаровски), Фелипе. 

БЕЛАСИЦА: Вујанац, Милушев, Горгиев (68’ Сулев), Вујчиќ, Митевски (91’ Џонов), Калпачки (46’ Денковски), Стојков, Дробаров, Серафимовски, Маслаќ, Савиќ. 

сабота, 27 април 2019