Првенството се прекинува на неодредено време

Фудбалската федерација на Македонија испрати допис до сите клубови, во кој потенцира за одлука на прекин на првенството во Првата лига, поради новонастанатата ситуација со коронавирусот COVID - 19. Ист отака се прекинуваат и натпреварите од младинските категории, и од тука во следните недели ќе нема натпревари. Кога ќе продолжи првенството, ќе биде дополнително објавено, додека натпреварите од младите категории се суспендираат во следните две седмици. 

„Натпреварувачката комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на Националниот шампионат од Прва и Втора МФЛ, потоа Третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал.

Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID - 19, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници - концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. 

Претходно, согласно препораките и забраните од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID - 19 , Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари од младите категории и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици. “, се вели во соопштението на ФФМ. 

четврток, 12 март 2020