Продолжува замената на ваучерите со електронски картички

За да им се искочи во пресрет на фановите, Фудбалскиот клуб Вардар ќе отвори и трет рок за замена на ваучерите со електронски картички за натпреварите од Лигата на Европа.

Сите оние кои сакаат да ги заменат ваучерите со електронски картички, ќе можат да го сторат тоа во понеделник и вторник (16-17.10) од 10 до 18 часот на билетарницата на Арената „Филип Втори“, спроти влезот на Фудбалската Академија на ФК Вардар.

Оние кои нема да успеат да ги заменат картички во овој рок, на натперварите против Реал Сосиедад и против Розенборг, фудбалскиот клуб Вардар овозможи да влегуваат со ваучери.

четврток, 12 октомври 2017