Пречката спречи победа на Вардар на „Чаир“

На гостувањето на „Чаир“ кај Шкупи во рамките од 32. коло, денеска Вардар два пати губеше, два пати успеваше да израмни, а на крајот можеше и да дојде до триумф, на беше пречката сојузник на домашниот тим во последните моменти од средбата. 

Шкупи поведе 1:0 во 32. минута. По една нафрлена топка од левата страна, Сержињо со глава донесе водство за домашните. Во 43. минута Жуниор израмни на 1:1. По нафлрувањето на Попзлатанов од десната страна, Жуниор на вториот дирек со глава го најде патот до мрежата. 

Вардар имаше неколку добри шанси да дојде до пресврт. Го имаше поседот на топката, имаше шанси и повеќе од играта. Меѓутоа домашните дојдоа до ново водство во 85. минута кога Бајрами од слободен удар со помош и на стативата донесе предност. Но, три минути подоцна Дарко Мицевски на ист начин од слободен удар постигна прекрасен гол. 

Фелипе во 90. минута имаше прилика, шутираше, но топката удри во пречката, и спречи радост на Вардар среде „Чаир“ и се чини победа на овој натпревар. 

сабота, 4 мај 2019