Познати судиите за натпреварот Ренова - Вардар

Фудбалската Федерација на Македонија, ги одреди службените лица за натпреварот од 2. коло во ПМФЛ помеѓу Ренова и Вардар. Мечот ќе се игра на Градскиот стадион во Тетово во недела во 17 часот, со што ова ќе биде второ по ред гостување на истиот стадион на „црвено-црните“, кои играа „под Шара“ и во 1. коло против Шкендија. 

Еве ги арбитрите и официјалните лица кои се делегирани за тој натпревар: 

Главен судија: Димитар Мечкаровски (Скопје).

Асистенти: Дејан Неделкоски (Скопје) и Куштрим Лика (Кичево). 

Четврти судија: Боби Величков (Велес)

Делегат: Благоја Петров (Велес)

Контролор: Крсте Даниловски (Скопје)

четврток, 16 август 2018