Познати можните противници за 3. квалификациско коло од ЛШ

УЕФА ги редуцираше можните противници на Вардар за 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, доколку нашиот тим го мине тимот на Малме. 

Евентуалниот пласман на „црвено-црните“ во следната фаза, може да им донесе противник од победниците од следните дуели: Линфилд - Селтик, Жилина - Копенхаген, Бате Борисов - Алашкерт, Мариенхам - Легија Варшава и Зрињски - Марибор. 

Ждрепката е денеска во 12 часот во седиштето на УЕФА во Нион. 

петок, 14 јули 2017