Познати судиите за натпреварот Вардар - Розенборг

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на последниот натпревар на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа против норвешки Розенборг. 

УЕФА го одреди Сергеј Бојко од Украина да биде главен арбитар на средбата, која се игра во четврток во Скопје со почеток во 21:05 часот. 

Помошници на Бојко ќе му бидат неговите сонародници Владимир Володин и Олександар Корнико. Дополнителни асистенти Евгениј Аргановски и Анатолиј Абдула. Четврт судија ќе биде Слемен Шлончак.

Бојко до сега никогаш му нема судено на Вардар, а до сега делел правда во Скопје и тоа во 2011 година кога беше главен арбитар на средбата Македонија - Србија, селекции до 21 година на стадионот „Борис Трајковски“. Овој судија ја делеше правдата и на ланскиот дуел во Лигата на Европа помеѓу Гент и Шкендија кој заврши 2:1. 

понеделник, 4 декември 2017