После два слободни дена, Вардарци се вратија на тренинзите

После два слободни дена кои играчите ги добија по натпреварот со Академија Пандев во Турново, денеска играчите имаа еден тренинг, со кој ги почнаа подготовките за следниот натпревар против Шкупи во рамките од 27. коло од ПМФЛ. Вардарци утре ќе тренираат два пати. 

Велигденските празници беа добра можност играчите да земат „здив“ два дена, по кои продолжуваат со подготовките за финишот од сезоната. Од недела па сè до почетокот на мај, Вардарци ги очекуваат натпревари секој трет ден, односно ќе се игра во ритам среда-недела. После дуелот со Шкупи, почнува и четвртиот и последен круг од македонскиот шампионат. 

вторник, 10 април 2018