Пораз на Вардар од Македонија ЃП во контролен натпревар

На пријателскиот натпревар одигран денеска во Ѓорче Петров, Вардар беше поразен од тимот на Македонија Ѓорче Петров со 3:0. После првиот дел немаше голови, а во второто полувреме противникот со три гола успеа да дојде до победа на овој меч.

Првиот дел мина главно со игра на средината на теренот. После неколку обиди на двете страни, немаше голови, па на одмор се замина со „мирни“ мрежи.

Во втората минута од второто полувреме Македонија ЃП успеа да стигне до водство. Вардарци веднаш се обидоа да се вратат резултатски во мечот, меѓутоа Матеј Цветаноски немаше среќа, и ја погоди само стативата од противничкиот гол.

На 12 минути пред крајот Македонија стигна и до втор гол, а во финишот од средбата до уште еден погодок со кој и дефинитивно ја обезбеди победата на овој контролен натпревар.

Стартните 11 за Вардар на овој меч беа: Кировски, Брдаровски, Попзлатанов, Манев, Новак, Најдовски, Мицевски, Јуфо, Битанг, Цветаноски, Лира. 

Вардарци следниот меч од првенството го играат против Шкупи на домашен терен на 16-ти септември. 

сабота, 8 септември 2018