Попзлатанов и Исени дел од младата селекција на Македонија

Кон крајот на месец март, Вардар ќе остане без неколку играчи, кои ќе имаат обврски кон своите национални селекции. Последните двајца кои добија повици се Јован Попзлатанов и Бесар Исени, кои што денеска се најдоа на списокот на селекторот на младата репрезентација на Македонија Благоја Милевски, за престојните два квалификациски натпревари против Русија во Скопје и против Австрија на гостински терен на 23-ти и на 27-ми март. 

Со Попзлатанов и Исени, бројката на фудбалери на нашиот тим кои ќе бидат дел од своите репрезентации, се зголеми на 13 играчи. 

Покрај споменатите двајца, Дарко Велковски и Кристијан Тошевски ќе бидат дел од „А“ репрезентацијата на Македонија, Методија Велковски, Тодор Тодороски, Филип Антовски, Филип Стојчевски и Бојан Колевски ќе играат за селекцијата до 19 години во квалификациски мечеви, а младите Матеј Андов и Божидар Митревски за селекцијата до 17 години. Тигран Барсегјан и Ховханес Хамбарџумјан добија повик од сениорскиот национален тим на Ерменија за два пријателски меча со Естонија и со Литванија на 24-ти, односно на 27-ми март. 

четврток, 15 март 2018