Подигнувањето на новинарски акредитации ќе се врши во среда

Фудбалскиот клуб Вардар ги известува сите медиуми кои добија акредитации за натпреварот со Зенит во четврток, дека подигнувањето на акредитациите ќе се врши во среда (13.09.2017 година) од 10 до 18 часот во центарот за акредитации на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. Центарот за акредитации се наоѓа на северната трибина, спроти влезот на хотелот „Парк“, или веднаш до службениот влез на стадионот.  

НАПОМЕНА: Согласно правилата и барањата од УЕФА, секој акредитиран новинар, фоторепортер или снимател ЛИЧНО ја подигнува акредитацијата, со покажување на документ за лична идентификација. Во четврток нема да се издаваат акредитации!

НЕКОЛКУ НАПОМЕНИ: Строго ќе биде забрането снимање на натпреварот. Камерите на ТВ медиумите ќе бидат складирани на влезот на стадионот во посебна соба за камери. Фоторепортерите ќе добијат специјални „бипсови“ (маркери), кои што ќе ги подигнуваат на влезот на стадионот со покажување на службена легитимација или документ за идентификација. По завршувањето на натпреварот, маркерите ќе мора да бидат вратени на влезот за новинари, за да им бидат вратени легитимациите. Фоторепортерите за време на натпреварот ќе мора да бидат позади головите. Доколку се менуваат страните на полувреме, тоа ќе се прави од страната на јужната трибина. 

За сите дополнителни информации околу акредитациите можете да се обратите на следниот телефон: +38971204627

вторник, 12 септември 2017