Поддршка од навивачите за Вардарци на првиот тренинг

На првиот тренинг на Вардар денеска на фудбалската Академија, не изостана ниту поддршката од навивачите за играчите и стручниот штаб. 

Фановите на „црвено-црните“ ги бодреа играчите за пролетниот дел од сезоната, во овие тешки мигови за клубот, и им посакаа среќа во дуелите, за да се изборат клубот да остане во прволигашката конкуренција. 

Вардаровите навивачи се оптимисти дека клубот ќе се извлече од оваа ситуација, и дека го чекаат подобри времиња. 

среда, 10 февруари 2021