Почитувајте ги правилата и навивајте за Вардар

Вардар во четврток го очекува натпревар од плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче. Натпревар ќе се игра на „Телеком Арената“ во Скопје со почеток во 20 часот. 

Веќе информиравме дека билетите за натпреварот се со намалена цена, и ќе изнесуваат по 300 денари за сите трибини. При купување на билет, задолжително да се покаже документ за лична идентификација. 

Уште еднаш апелираме и потсетуваме за коректно навивање од трибините. Да се почитуваат правилата и да не се скандира национализам и расизам, и да не се истакнуваат знамиња со забранети симболи. Само така можеме да го заштитиме нашиот клуб од високите казни на УЕФА. Само заеднички можеме да придонесеме за успех на нашиот тим и со собрани сили да дојдеме до она за кое долго сонуваме.  

Неколку информации за натпреварот: 

Лицата со хендикеп имаат нов влез, а тој е веднаш до службениот влез означен со знаците на фотографијата. Влезот се наоѓа спроти влезот на хотелот „Парк“. 

Новинарските екипи, фоторепортерите, снимателите влегуваат во во влезот за медиумите (Media entrance) на северната трибина. Информацијата за подигнување на новинарските акредитации ќе биде објавена дополнително. Во следните неколку дена ќе следат и дополнителни информации околу одржување на прес конференциите на Вардар и на Фенербахче, како и на официјалните тренинзи на двете екипи.

сабота, 12 август 2017