Почина Вукашин Вишњевац, поранешниот тренер на Вардар

Денеска на 80-годишна возраст, почина Вукашин Вишњевац, поранешниот тренер на Вардар. Вишњевац го водеше „црвено-црниот“ тим во сезоната 1983/84 кога екипата се натпреваруваше во првенството на поранешна Југославија. Дел од таа генерација подоцна стана првак на Југославија. 

Вишњевац е роден на 15 јуни 1939 година. Беше дел и од стручниот штаб на репрезентацијата на Југославија на СП 1982 година. 

Фудбалскиот клуб Вардар изразува сочувство кон најблиските роднини, пријатели и познавачи на Вишњевац. Неговото име засекогаш ќе остане врежано со убави спомени кон нашиот клуб.

четврток, 26 септември 2019