Победа над Локомотива и пласман во 1/8 финалето од Купот

Со денешната победа од 4:1 над Локомотива на гостински терен, Вардар продолжи во 1/8 финалето од Купот на Македонија. Вардар денеска беше подобар противник од второлигашот, и уште во првото полувреме го обезбеди триумфот на овој меч со кој што „црвено-црните“ се пласираа во следната фаза од ова натпреварување. 

Првата шанса на мечот ја имаше Глигоров кој што упати удар кој заврши само за малку крај голот. Во 21. минута водство на Вардар од 0:1. Најпрво Итало шутираше, голманот Јанков одбрани, а потоа Блажевски убаво беше проигран на другата страна од каде што погоди во голот на противникот. 

Девет минути подоцна Вардар го зголеми водството. Брдаровски убаво го проигра Исени кој што од пеналтикот шутираше, топката од пречката се одби и заврши зад гол линијата. 

Во 39. минута одново Брдаровски од десната страна центрираше и го проигра Блажевски кој што од волеј упати прецизен удар, Јанков успеа да одбрани, а топката се движеше по гол линијата од каде што Демири само успеа да ја спроведе во голот. 

Пред крајот на првиот дел и Фелипе се закани од слободен удар, но неговиот обид беше одбранет од голманот Јанков. 

Во второто полувреме не се случуваше ништо и главно играта се одвиваше на средината на теренот. Сепак, во 86. минута Стојановски мина двајца играчи на Вардар и го намали водството за Локомотива на 1:3. Но, во судиското надополнување Исени постигна прекрасен погодок од слободен удар и го врати водството на три разлика. Веднаш после голот судијата Влахо означи крај на натпреварот. 

На овој натпревар свое деби во дресот на Вардар има младите Дејан Маркоски и Александар Трајчевски. 

ЛОКОМОТИВА - ВАРДАР     1:4 (0:3)

Игралиште на ФК Локомотива во Скопје. Гледачи: 400. 

Судија: Константин Влахо (Скопје). 

Стрелци: 0:1 Блажевски 21’, 0:2 Исени 30’, 0:3 Демири 39’, 1:3 Стојановски 86’, 1:4 Исени 90’

Ж. Картони: Јусуф (Л) - Маркоски (В). 

ЛОКОМОТИВА: Јанков, Јусуф, Бекир (82’ Лазаревски), Миленов (87’ Стојчевски), Дандевски, Младеновски, Тасески, Стојановски (90’ Стојков), Ватиќ, Борха, Факиќ. 

ВАРДАР: Алексовски, Грнчаров, Блажевски (61’ Трајчевски), Глигоров, Новак (46’ Попов), Демири, Глишиќ, Исени, Итало, Фелипе (46’ Маркоски), Брдаровски. 

четврток, 31 август 2017