Победа на „Чаир“ за продолжување на триумфалната серија

Вардар ги освои трите бода од стадионот „Чаир“ во Скопје попладнево во дуелот со Шкупи. Нашата екипа го совлада својот противник со 2:0 со головите на Боарето во првото и на Барсегјан во второто полувреме. Лидерот на табелата одигра одличен натпревар, а победата можеше да биде и поубедлива доколку беше искористена уште некоја шанса во текот на натпреварот.

Првата шанса Вардарци ја створија уште во 5. минута кога Барсегјан додаде до Блажевски кој одкосо шутираше прецизно, но Зендели одби во првиот корнер за нашата екипа. Една минута подоцна после изведениот корнер Попов се најде во шанса, но од десетина метри шутираше само над голот.

Вардар дојде во водство во 20. минута. Боарето ја имаше топката, додаде до Николов кој што одигра повратна со Бразилецот кој што излезе сам пред голот, го мина и Зендели и успеа да погоди во мрежата на Шкупи.

Следуваше незгоден удар на Попов од прекин од триесетина метри, голманот на Шкупи кратко ја одби топката до Брдаровски кој што шутираше само над пречката. Шансите за Вардар се редеа и понатаму, после изведениот корнер во 37. минута од страна на Фелипе, Барсегјан се обиде со глава, а од гол линијата спасуваше играчот на Шкупи Зука. Воедно, тоа беше се што се случуваше во текот на првото полувреме.

Во вториот дел Вардар напаѓаше да дојде до втор гол, а првата шанса ја имаше Шкупи преку Бериша кој што во 51. минута упати непрецизен удар. Во 53. минута обид на Николов од дваесетина метри за да одбрани Зендели во корнер.

Од изведениот корнер Вардар профитираше со втор гол. Нафрли Фелипе на првиот дирек, овој пат Барсегјан со глава ја упати во спротивниот агол во мрежата на Шкупи за водство од 0:2 во тие моменти и доближување до трите бода на ова гостување.

Во 62 минута се обиде Бајрами да го изненади Гачевски, но Вардаровиот голман беше внимателен. Последната шанса ја имаше Барсегјан кој што одкосо од десно упати прецизен удар кој беше одбранет од Зендели.

Вреди да се напомене дека свое официјално деби за Вардар имаше Бојан Колевски кој што влезе во игра во 85 минута на местото на стрелецот на вториот гол Тигран Барсегјан.

Со овој триумф „црвено-црните“ дојдоа до осмиот триумф по ред. Серијата почна со триумфот над Брегалница 2:0, потоа беше совладана Македонија ЃП со 5:0. Потоа „падна“ и Работнички со 2:0, па следуваше триумфот над Ренова во Тетово со 0:1. Серијата продолжи со триумф над Пелистер од 3:1, па со Силекс од 1:0 и во средата Вардарци го совладаа тимот на Шкендија со 1:0 во Тетово во рамките од Купот.

ШКУПИ - ВАРДАР       0:2 (0:1)

Стадион: „Чаир“ во Скопје. Гледачи: 5.000.

Судија: Дејан Јакимовски

Стрелци: 0:1 Боарето 20’, 0:2 Барсегјан 54’

Ж. Картони: Бериша, Демири (Ш) - Новак (В).

ШКУПИ: Зендели, Малиќи, Бајрами, Кадриу (82’ Јаневски), Шабани (58’ Демири), Исени, Бериша, Зука, Мбела (72’ Исмаиљи), Адем, Асани.

ВАРДАР: Гачевски, Попов, Спировски, Блажевски (64’ Глигоров), Барсегјан (85’ Колевски), Велковски, Николов, Новак, Фелипе, Брдаровски, Боарето (72’ Џигаури).

 

СТАТИСТИКА:

ШКУПИ           ВАРДАР

6          корнери          3

4/2       удари/во        10/7

19        прекршоци     16

0          офсајди          2

2          ж. картони      1

0          ц. картони      0

0          пенали            0

 

ФОТОГАЛЕРИЈА>>

ВИДЕО>>

недела, 23 април 2017