Победа на „Чаир“ за продолжување на победничката серија

Победа на Вардар на „Чаир“. Триумф од 1:2 со кој нашиот тим ја продолжи триумфалната серија, која изнесува четири победи по ред, а вклучувајќи го и оној од Купот, вкупно 5. Меѓутоа после долго време мрежата на Гачевски овој пат беше затресена. Пет меча Вардар одолеваше од противничките напади, но не успеа на Чаир.

Во 11. минута Цветаноски донесе водство. Се најде во добра позиција, шутираше во горниот лев агол од голот на Шкупи, топката од пречката заврши зад гол линијата. Водство на Вардар, кое до крајот на полувремето можеше да биде и поубедливо.

Вардарци во вториот дел сакаа да дојдат до втор гол, со кој би се доближиле до победата. Тоа му успеа на Дарко Мицевски во 61. минута од пенал. Минута претходно во шеснаесетникот на Шкупи беше срушен Жуниор од страна на Ѓоргиевски, а Мицевски сигурно го реализираше ударот од белата точка.

После овој втор гол, Вардарци имаа стонастостни шанси и за трет гол, а потоа Шкупи успеа да намали. Во мешаницата пред голот на Вардар, најдобро се снајде Исени, поранешен играч на нашиот тим, и спроведе во мрежата.

И после приметниот гол, Вардарци не застанаа, отидоа на трет гол, меѓутоа среќата повторно не беше на страната на нашиот тим. Затоа, пак, среќата и Гачевски во 90. минута беа со Вардар по ударот на еден противнички играч, одлична одбрана на Вардаровиот голман и трите бода се освоени.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ШКУПИ - ВАРДАР            1:2 (0:1)

Стадион: „Чаир“ во Скопје. Гледачи: 2.000

Судија: Васко Мавров (Струмица).

Стрелци: 0:1 Цветаноски 11’, 0:2 Мицевски (п) 61’, 1:2 Исени 71’

Ж. Картони: Ламине, Адили (Ш) - Серафимов, Најдовски, Жуниор, Аврамовски (В).

ШКУПИ: Тулио, Ѓоргиевски (68’ Илиески), Бајрами (51’ Дарбое), Адили, Исени, Да Луиз, Ламине (74’ Јусуфи), Љика, Оумар, Билали, Исмаиљи.

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Новак, Серафимов, Најдовски, Мицевски, Жуниор, Брдаровски, Цветаноски (77’ Адем), Попзлатанов (90’ Колевски, Аврамовски.

среда, 18 септември 2019