Пионерите подготвени за одбрана на трофејот во Купот

Пионерската екипа на Вардар денеска на теренот во населбата Аеродром, го одработи последниот тренинг пред заминувањето во Охрид, каде што утре во 17 часот ќе го игра финалето на Купот на пионери против Академија Пандев. 

Оваа екипа ќе се обиде да го одбрани трофејот во Купот освоен минатата година со триумфот во финалето против Работнички на истиот терен. 

Момците на Петар Георгиевски подготвени го дочекуваат овој натпревар, со надеж дека одново трофејот ќе заврши во рацете на нашите фудбалери. 

Воедно, ова е единствената шанса за пехар на оваа генерација, со оглед дека на првенствената табела оваа екипа во моментов е на третото место на табелата, на три кола пред крајот на шампионатот. 

вторник, 15 мај 2018