Петмина играчи на Вардар во составот на селекцијата до 19 години

Пет играчи на Вардар добија повик од селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години Вујадин Станојковиќ, за следните квалификациски натпревари на оваа селекција кои ќе се играат во март. 

За натпреварите против Летонија (21.03), Унгарија (24.03) и Англија (27.03) кои ќе се играат во Скопје, конкурираат петмина фудбалери на Вардар. 

На списокот се најдоа голманот Методија Велковски, потоа одбранбените фудбалери Филип Антовски и Тодор Тодороски, играчот од средниот ред Филип Стојчевски, и напаѓачот Бојан Колевски. Петмината ќе бидат во конкуренција за настап на следните три натпревари низ кои што оваа селекција ќе брка пласман на Европското првенство за селекции до 19 години. 

вторник, 13 март 2018