Петмина играчи на Вардар ќе играат за селекцијата до 18 години

Пет играчи на Вардар на 15-ти и на 17-ти мај, ќе настапат за селекцијата на Македонија до 18 години, во двата пријателски натпревари против Бугарија. 

Голманот Методија Велковски, одбранбените играчи Филип Антовски и Стефан Наумчевски и напаѓачите Бојан Колевски и Јакуп Бериша добија повици за овие два меча, и ќе конкурираат за настап. 

Двата натпревари ќе се одиграат на комплексот „Петар Милошевски“. Првиот меч се игра во 17 часот, а вториот почнува во 11 часот. 

понеделник, 14 мај 2018