Одреден вардаровиот состав за мечот со Академија Пандев

Составот на Вардар за дуелот со Академија Пандев денеска од 15 часот е одреден. Тренерот Александар Васоски се реши да им даде шанса на следнит играчи: 

На голот на нашиот тим повторно ќе биде Филип Гачевски. Во одбраната на бековите Кристијан Тошевски и Тодор Тодороски, „друштво“ ќе им прават стоперите Евгениј Новак и Горан Попов. 

Во средниот ред на нашиот тим Филип Најдовски, Дарко Мицевски и Кларенс Битанг. Владица Брдаровски добива поинаква улога и ќе игра како десно крило, Матеј Цветаноски на левокрилната позиција, а во нападот Вилијан Лира. 

На клупата за резерви на Вардар ќе бидат Александар Кировски, Коста Манев, Николас Херанз, Алекс Талевски, Џемал Ибиши, Јакуп Бериша и Виктор Јуфо. 

сабота, 6 октомври 2018