Одреден составот на Вардар за куп натпреварот со Македонија ЃП

Познат е составот на Вардар за денешниот прв 1/8 финален натпревар од Купот на Македонија против Македонија Ѓорче Петров кој ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ со почеток во 15:30 часот. 

На голот на нашиот тим ќе биде Александар Кировски. Во одбраната на Вардар се најдоа Кристијан Тошевски, Никола Херанз, Коста Манев и Јован Попзлатанов. Во средниот ред на нашиот тим ќе играат Дарко Мицевски, Кларенс Битанг и Алекс Талевски. Во нападот „триото“ Матеј Цветановски, Тигран Барсегјан и Вилијан Лира. 

На клупата за резерви ќе бидат: Филип Илиќ, Владица Брдаровски, Филип Антовски, Јакуп Бериша, Филип Најдовски, Максим Максимов и Виктор Јуфо. 

среда, 19 септември 2018