Одреден е составот на Вардар за дуелот со Борец

Вардар во рамките од 2. коло во сезоната 2019/2020 денеска во 17 часот гостува во Велес на екипата на Борец.

Стручниот штаб веќе го одреди составот за овој натпревар, кој претрпе една измена во стартните 11, во однос на оној кој играше во 1. коло против Македонија ЃП. 

На голот на нашиот тим ќе биде Филип Гачевски, во одбраната Кристијан Тошевски и Жуниор како бекови, додека стоперскиот тандем го сочинуваат Никола Серафимов и Евгениј Новак. 

Средниот ред на нашиот тим ќе биде сочинет од Али Адем, Дарко Мицевски како последни играчи за врска, потоа Даниел Аврамовски како офанзивен играч за врска, и на крилните позиции Владица Брдаровски и Матеј Цветаноски, како поддршка во нападот во кој ќе биде Бојан Колевски, кој што е единствената измена во тимот од првиот меч сезонава.  

недела, 18 август 2019