Од денеска стартува продажбата на единечни билети за мечот со Зенит

Фудбалскиот клуб Вардар заедно со цела Македонија, одбројува до натпреварот со Зенит Санкт Петербург. Историјата почнува да се пишува во четврток со натпреварот против рускиот тим. Затоа повелете да бидете и Вие дел од таа историја, да бидете дел од успехот на Вардар кој што го направи со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, за прв пат од постоењето на клубот. 

Од денеска почнува продажбата на единечни билети за натпреварот со Зенит во четврток. 

ВАЖНА НАПОМЕНА: Согласно строгите критериуми од страна на УЕФА за продажба на билети за групната фаза од Лигата на Европа, секој купувач на влезница ќе мора да приложи документ за лична идентификација (лична карта, пасош). Продажбата оди по принципот: ЕДНА ЛИЧНА КАРТА, ЕДЕН БИЛЕТ. 

Цените на билетите за натпреварот против Зенит Санкт Петербург се следните: 

За блокови 1, 6, 7, 8, 9, 10, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30, цената на единечен билет ќе биде 600 МКД.

За блокови 2, 5, 14, 18, 20 и 24, единечен билет ќе се продава по цена од 900 МКД.

За блоковите 3, 4 и 15, 16, 17, 21, 22 и 23, цената на единечен билет ќе биде 1.200 МКД.

Побрзајте и набавете билети за сите три домашни натпревари на следните продажни места: 

СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево; Метро Аеродром Александар Велики

Билетарница во С.Ц. „Јане Сандански“: секој работен ден од 10 до 18 часот.

КАВАДАРЦИ: T.A. Атлантик Турс; Метро,

СТРУМИЦА: Скала Травел;

ГЕВГЕЛИЈА: Т.А. Путник;

ГОСТИВАР: Метро 1, Метро 4

ТЕТОВО: Метро

ПРИЛЕП: Т.А. Бран;

ОХРИД: Голден Тобако, New Tobacco;

КОЧАНИ: Радио Кочани;

КУМАНОВО: Т.А. Мерион Травел;

ВЕЛЕС: Унисон.

Одберете го вашето место, купете билет и дојдете на стадион. Бодрете го Вардар низ историските натпревари во Лигата на Европа. 

понеделник, 11 септември 2017