Новак: Со дисциплина и желба до успех

Украинскиот фудбалер Евгениј Новак на денешната прес-конференција ги искажа своите мислења и ставови околу утрешниот натпревар против Пјуник во рамките од 1. квалификациско коло од Лигата на Европа. После реваншот Вардар има негатива, меѓутоа играчот на „црвено-црните“ вели дека ако има дисциплина и желба, може да се мине оваа пречка. 

„Го анализиравме нашиот прв меч во Ереван и имаме идеја како ќе играме на реваншот. Ако ги исполниме задачите и идеите на тренерот, сигурен сум дека ќе имаме добар резултат, и резултат кој ќе нè однесе во следната фаза. Пред сè, мора да имаме добра дисциплина и добра желба. Сакам да испратам еден апел до навивачите, да дојдат и да ни дадат поддршка. Да не биде како во театар. Временските услови сигурно ќе бидат убави и ќе биде добро да се добие поддршка од трибините. Со помош на навивачите, Вардар игра подобро, поагресивно и се надевам дека така ќе биде и утре“, истакна Новак.

среда, 18 јули 2018