Нова цена на билетите за Вардар - Фенербахче

Фудбалскиот клуб Вардар Ве информира дека од денеска цената на билетите за натпреварот од плеј-офот од Лигата на Европа помеѓу Вардар и Фенербахче изнесува 300 денари.

Оваа цена ќе важи за сите трибини од "Телеком Арена". Воедно Ве информираме дека при купување на билет мора да приложите документ за идентификација (лична карта, пасош).

Сите кои имаат купено билети со старата цена, ќе им бидат рефундирани средствата од понеделник од 12 часот на билетарницата на СЦ "Јане Сандански" во Скопје.

Уште еднаш апелираме за фер и коректно навивање од трибините на мечот со Фенербахче. Да покажеме респект и да спречиме нови ригорозни казни кон Вардар од страна на УЕФА. 

петок, 11 август 2017